Де Ниро: Трамп е неостварен гангстер и целосен губитник!

22 април, 20190
robert

Американскиот актер, режисер и продуцент Роберт Де Ниро повторно го критикуваше претседателот Доналд Трамп, нарекувајќи го „тотален губитник“ и „неостварен гангстер“.

Де Ниро веќе подолго време го критикува Трамп, а на минатогодишното доделување на „Tony Awards“, кога го прашаа што мисли за претседателот на САД, тој рече дека IQ-то на Трамп е многу ниско.

Де Ниро, за време на гостувањето во емисијата „Late Night Show“ кај Стивен Колберт, рече дека се обидел да му даде шанса на Трамп откако бил избран за претседател, но дека „типот се покажал како целосен губитник”.

Еден од најценетите актери на неговата генерација, кој освои два Оскари, наскоро ќе му се врати на гангстерскиот жанр во филмот „The Irishman“ на Netflix, кој повторно ќе го обедини со режисерот Мартин Скорсезе!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber