Дејвид Бекам фатен со љубовницата?

8 март, 20190
david 0

Се зборува за крај на бракот …

Иако релативно често светските медиуми пишуват дека бракот на познатиот пар, 44-годишната Викторија и 50-годишниот Дејвид Бекам, е во криза и дека се разведуваат, сега е откриено дека поранешниот фудбалер поминува време со 43-годишната Хелена Кристенсен, познатиот супермодел, пренесува The Sun. Имено, убавицата од Данска е една од најубавите жени во историјата, а Викторија не ја сака ниту блиску до нејзиниот сопруг.

Дејвид и Хелена станаа пријатели во декември минатата година, се запознаа на забава во Мајами, на која што не присуствуваше сопругата на Дејвид поради обврски, а тогаш настана прочуената selfie фотографија која што Викторија, наводно, не може да ја поднесе. Исто така, се пишува дека таа е многу нервозна поради новото пријателство на Дејвид, а посебно и пречи што Хелена и Дејвид се во постојан контакт откако се запознале, пишува британскиот таблоид.

Да ве потсетиме, Викторија и Дејвид оваа година ќе ја прослават 20-годишнината од бракот. Тие се еден од најинтересните парови, а веќе неколку пати се зборуваше за наводните измами и трикови во бракот. Во 2004. година, Дејвид се најде во средина на голем скандал кога неговата љубовница, личната асистентка Ребека Лос, ја призна нивната афера. Сепак, Викторија му прости, па парот продолжи да покажува дека и покрај медиумскиот живот што го води, живее во хармонија, а најголемо внимание им го посветуваат на своите деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber