Сара Вијон од Нов Зеланд одлучи да го прослави својот 21-ви роденден на Бали, а не помисли дека поради тоа патување ќе се најде во познатите светски медиуми.
Имено, таа беше во посета на “шумата на мајмуните”, кога работите излегоа од контрола. Како што седеше на клупата, мајмун се качи во нејзиниот скут. Нејзината мајка веднаш го зеде телефонот во рацете за да го сними моментот, а Сара се подготви за позирање. Мајмунот најпрво се почеша по ногата, но тогаш вниманието му го привлече нејзиниот црн фустан и реши да го повлече …И покрај тоа што таа остана мирна, откако ги сокри градите, сите почнаа да се смејат.
– Убаво се насмеевме поради мајмунот. Нашата посета на Бали беше фантастична “, рече нејзината мајка, Катрина.
https://www.youtube.com/watch?v=k8L3ilFjppE