
Најмалку 12 лица беа повредени на поменот на убиениот рапер Nipsey Hussle во Лос Анџелес. Според АP, две лица се во критична состојба.

Инцидентот се случи во толпата меѓу неколку стотици луѓе присутни на поменот кога слушнале гласен звук и почнале да трчаат.
Се појавија гласини кои наведуваат дека дошло до физичка пресметка и престрелки, меѓутоа, шефот на полицијата во Лос Анџелес го демантираше пукањето.
Nipsey Hussle беше застрелан со огнено оружје во неделата, а потоа беше пренесен во болница, каде што подоцна подлегна на повредите.
Hussle е застрелан во непосредна близина пред сопствената продавница за облека, и тоа пред неговата четиригодишна ќерка. Непознатиот напаѓач пукал во него и веднаш избегал, соопшти полицијата.