Интернетот е преплавен со осудувања: Beyonce доживеа непријатна ситуација поради бакнеж од колегата!

popara3 април, 20191min00
b

На сите им е познато дека Бијонсе е една од најголемите и најпопуларните ѕвезди на денешницата и дека до сега имала неколку непријатни ситуации со своите фанови.

Сепак, нејзиниот последен обожавател целосно успеа да го разбесни интернетот. Станува збор за актерот Оmar Hardwick, кој се сретна со пејачката на „NAACP Image Awards“.

Актерот беше прилично воодушевен што ја гледа Beyonce, па затоа одлучи да ја бакне и тоа двапати! Додека првиот бакнеж изгледаше релативно вообичаена појава, вториот невнимателно падна веднаш до нејзините усни. Пејачката се збуни, а нејзиниот говор на телото остави впечаток на прилично непријатно чувство. Видео снимките кои ја прикажуваат оваа (премногу) блиска средба помеѓу актерот и пејачката во рекордно време почна да кружи по Твитер.

„Пристојно ракување би било доволно за Омар Хардвик. Жените не треба да се допираат, прегрнуваат или бакнуваат, освен ако не се нивна сопруга или девојка. Beyonce требаше да му удри шамар”- гласи само еден од негативните коментари.

„Оваа глупост на Омар ме потсетува на моите средби со некои мажи. Не сакате да кажете ништо, бидејќи ве гледаат луѓе и ќе кажат дека претерувате, така што вие само страдате и оставате да ви биде непријатно.“ – продолжија коментарите.