
Култната поп-пејачка Мадона ќе настапи на Евровизија во Израел за еден милион долари, а овој хонорар, наводно, ќе го плати милијардерот Силван Адамс.
Тој се одлучи на овој чекор по преговорите со израелската телевизиска корпорација, која сму предложи да биде партнер на конкурсот, пишува sputniknews.com.
Во 2015. година, Мадона беше прогласена за најкомерцијализирана пејачка, а нејзиното име е запишано во книгата на Гинисовите рекорди.
Евровизија 2019. ќе се одржи во Тел Авив од 14-ти до 18-ти мај. Во тек се подготовките за програмата и се прави списокот на ѕвездите кои ќе гостуваат. Како една од водителките на фестивалот, се споменува израелската актерка Гал Гадот, позната по филмот „Wonder Woman“.