Dwayne ‘The Rock’ Johnson се ожени со долгодишната девојка Lauren Hashian

19 август, 20190
g

Американскиот филмски актер 47-годишниот Dwayne Johnson, се ожени со долгогодишната партнерка Lauren Hashian. Среќната вест тој ја објави на Instagram каде сподели две фотографии на кои позира со својата новопечената сопруга.

„We Do“, кратко напиша актерот веднаш под фотографиите, на кои двајцата имаат широки насмевки на нивните лица.

Двојката, брачните завети ги кажа на Хаваи, а свадбата се одржа на романтична локација под ведро небо. Инаку, Dwayne зад себе веќе има еден брак со продуцентката Dany Garcia, но тие се разведоа во 2008. година. Набрзо откако официјално се разведе, започна врска со Lauren.

Dwayne и Lauren се запознале во 2006. година, кога се снимал филмот „Game Plan“, а постојат шпекулации дека 13-години помладата пејачка била главната причина за неговиот развод со Dany.

Патем, Dwayne е горд татко на 17-годишната Simone, која ја доби од бракот со Dany Garcia, и тригодишната Јasmine и едногодишната Tiana, кои му ги подари Lauren, па актерот на своите социјални мрежи често споделува посебни моменти со своите три девојчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber