Џенифер Лопез и Карди Б заедно во филм за стриптизети „Hustlers“

20 март, 20190
j lo

Не можеме да замислиме подобра актерска комбинација.

Во случај да имате потреба од некои гламурозни вести во еден досаден ден, изгледа дека Карди Б ќе стане филмска ѕвезда.

Имено, Џенифер Лопез, Лили Рајнхарт, Констанс Ву и Џулија Стилс ќе се придружат во филмот кој почнува да се снима во Њујорк овој месец, наречен “Hustlers”. Филмот се заснова на една статија од Њујоршкиот магазин од 2016. година за група поранешни стриптизети кои избегале од нивните клиенти на Wall Street.

Сето тоа е сосема погодно за транзицијата на Карди Б во филмските води, бидејќи во еден момент од нејзиниот живот таа била стриптизета. Таа, исто така, за ова зборуваше во интервју за Cosmopolitan во 2018. година, кога рече дека тоа ќе го споменува, сѐ додека луѓето не почнат да ги почитуваат стриптизетите. Ние сме подготвени за два часа таква енергија, а вие?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber