
Не можеше да и одолее.
Поранешниот американски боксерски шампион, а денес промотор на Бокс, Floyd Mayweather, се вљуби во младата аргентинка Yasmi Mendeguiu. Floyd бил на одмор во Лас Вегас, а убавицата наводно ја сретнал во трговски центар. Таа побарала да се фотографираат, а потоа 42-годишниот боксер и го побарал телефонскиот број. Yasmi падна на неговиот шарм, и така боксерот и убавицата сега се официјално заедно, пренесува DailyMail.
Yasmi во 2016. се натпреварувала во шпанскиот Big Brother, а сега работи во Мексико како модел, актерка и танчерка. “Бев во продавница со пријателките, а кога го видов го замолив да се фотографираме, тука беше и неговиот телохранител, кој сепак ми дозволи да му пријдам , па се фотографиравме. Тој остана да разговара со нас за тоа како е дојден за да се забавува. Изгледаше многу кул и ме замоли за телефонски контакт. Сакам такви типови “, рече 22-годишната Yasmi. Floyd и Yasmi се во врска веќе два месеци.