Џенифер Лопез во солзи побегна од сопствената венчавка

21 октомври, 20190
ј

Џенифер Лопез, американската актерка и пејачка, во март објави дека ќе се венча со шестгодини помладиот бејзбол играч Алекс Родригез.

Таа му овозможи да ја види како ќе изгледа на денот на нивната свадба. Поточно, Џенифер во моментот го снима филмот „Marry Me“, во кој е вклучена и сцена од свадба. Според фотографиите, се чини дека свадбата не завршува успешно бидејќи актерката е снимена како плаче поради непојавување на младоженецот.

Филмот се снима во Њујорк, а таа вечер немаше минувач кој не застана и не ја погледна убавата невеста. Џенифер носеше богата венчаница со огромно здолниште полно со кристали. Филмот „Marry Me“ е приказна за поп-ѕвездата по име Кат Валдес, која ја игра Џенифер.

Кат e оставена сама пред олтарот, а таа од лутина се мажи за првиот човек што го среќава – Чарли, толкуван од Овен Вилсон. Премиерата на овој романтичен филм е најавена за околу Нова година.

Џенифер сигурно може да земе инспирација за сопствениот голем ден од снимањето на овој филм. Според извештаите на американските медиуми, подготовките за свадбата се во тек. Алекс ја побара за жена пред седум месеци за време на романтичниот одмор на Бахамите по две години врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi