Меган Маркл со солзи во очите: Одамна никој не ме прашал како сум

21 октомври, 20190
meghan

Иако на прв поглед изгледа дека е лесно да се биде Меган Маркл, грешите.

Убавата војвотка од Сасекс неодамна даде емотивно интервју за документарецот „ITV“, во кое речиси ќе заплачеше. Таа изјави дека има многу проблеми обидувајќи се да се справи со животот пред очите на јавноста.

Меган објасни дека периодот откако се омажи за принцот Хари и го роди кралскиот наследник Арчи, е исклучително тежок за неа.

– Ви благодарам што ме прашавте како сум. Долго време, никој не ме прашал како навистина се чувствувам “, изјави Меган со солзи во очите.

Документарецот е снимен за време на кралското патување во Африка на почетокот од септември, а водителот ја праша Меган дали смета дека нејзиниот сопруг е премногу заштитнички наклонет кон неа заради сè што се случило со неговата мајка, принцезата Дајана.

– Мислам, не знам … едноставно, кога жената е бремена, таа е премногу емотивна. Тоа се случува и тоа е нормална работа. Не можам да ги контролирам моите емоции, чувствувам голем притисок, особено сега откако се роди бебето – рече Меган, пренесува Блиц.

Интервјуто, исто така, дојде по неколку месеци во кои Меган и Хари беа опишани како „контроверзни“ членови на кралското семејство кои постојано трошат пари и тајно патуваат со приватни авиони. Она што исто така и пречи на англиската јавност беа тајните детали за крштевањето на нивниот син, но и тоа што Меган им забрани на фановите да ја сликаат на Вимблдон.

На прашањето дали не се чувствува добро, Меган вознемирено рече:

– Да.

Во едночасовниот документарен филм, покрај Меган, може да се видат одредени детали за кралското семејство, како и нивниот начин на балансирање на јавниот и приватниот живот.

Хари исто така зборува за неговиот приватен живот и фактот дека смртта на неговата мајка оставила големи трауми и рани што, како што вели, никогаш нема да зараснат, пишува Блиц.

– Секој блиц од камера ми создава огромна анксиозност и е сосема спротивно од она што го сметам за нормален и реален живот. Се чувствувам страшно. Чувствувам голем напор затоа што сум член на кралското семејство – рече тој во интервју, додавајќи:

– Сè што правам, ме потсетува на мајка ми. Сакам да ги следам нејзините стапки. Но, фактот дека медиумите постојано пишуваат за мене како член на кралското семејство, ме враќа дваесет години назад и ме потсетува на сите лоши работи поврзани со оваа работа и живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi