Ѕвездата од серијата „Empire“ заврши во болница: Jussie Smollett беше брутално претепан на улица
Ѕвездата од хит серијата „ Empire “ Jussie Smollett заврши во болница откако беше нападнат во Чикаго.
https://www.instagram.com/p/Bp5lT58hc3p/?utm_source=ig_embed
Набргу по доаѓањето од Њујорк во „ветерниот град“,Smollett, кој е деклариран хомосексуалец, вербално го нападнаа двајца неидентификувани мажи на улица. Му дофрлувале навреди на расна основа, но и поради сексуална ориентација.
https://www.instagram.com/p/BtOgH0kBDwu/?utm_source=ig_embed
Вербалниот напад ескалирал во физички кога почнале да го удираат со тупаници, а потоа на лицето му истуриле непозната хемиска супстанца. Еден од напаѓачите на актерот му ставил јаже околу вратот и го давел.
https://www.instagram.com/p/BtNZ1TIBL3-/?utm_source=ig_embed
По тешкиот напад, криминалците избегале, а Smollett отишол во болница. Според светските медиуми, неговата состојба за сега е стабилна и нема сериозни повреди.