Matt LeBlanc: Долго чувана тајна од снимањето на „Friends“

30 јануари, 20190
ф

Matt LeBlanc, кој во култната серија „Friends“ беше во улогата на  Џои, во емисијата кај James Fallon откри дека крадел работи од снимањето на сетовите и си ги носел дома.

– Дали знаете дека Џои и Чендлер во станот имале фудбалче? Сè уште го имам топчето од таа маса. Заврши во мојата кутија за алат – рече популарниот актер.

Тој призна дека ова не е единственото нешто што го земал од сетот.

– Ја земав и плочата за цртање која се наоѓаше  на вратата од станот. Не можев да го ставам каучот во автомобилот, но плочата беше одлична, бидејќи имавме еден лик во тимот кој секогаш црташе на неа. Тој беше еден од електричарите на сетот, но се покажа дека и добро црта, па затоа секогаш ќе нацрташе нешто поврзано со епизодата која се снимаше. Затоа ја украдов и му ја подарив – рече Мет и додаде:

– А можев скапо да ја продадам.

Актерот откри дека во последно време му е тешко да ги гледа репризите на „Friends“ бидејќи се чувствува како да има 100 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *