Фановите се загрижени поради неговата тешка состојба: The Rolling Stones ја откажаа турнејата поради болеста на Mick Jagger!
Легендарната група не е иста без Jagger!
Турнејата на групата „The Rolling Stones“ ќе треба да се одложи поради здравственaта состојба на еден член од групата. Всушност, Mick Jagger не се чувствува добро, а неговите колеги едногласно одлучија да ја одложат турнејата САД – Канада закажана неколку месеци порано.
The Rolling Stones, за жал, мора да ја одложат престојната турнеја во САД и Канада”, напиша овој музички состав на својот Twitter профил, со образложение дека лекарите му препорачале дека лекувањето е неопходно.
Познатата група не наведе од што боледува Јagger (75), додавајќи дека на рок-ѕвездата му е многу жал што турнејата е одложена поради него.
Да се потсетиме, бендот кој што многумина го обожаваат е основан во 1962. година и сеуште е активен. Тие издадоа повеќе од 30 студиски албуми, 23 албуми во живо и 25 компилации.