Среќно семејство и без тато Бред: Насмеаната Анџелина Џоли со децата го украде шоуто на црвениот тепих

popara1 април, 20192min00
jj

Светската премиера на филмот “Дамбо” се одржа во El Capitan Theatre во Лос Анџелес, а тимот на режисерот Тим Бартон беше засенет од актерката Анџелина Џоли.

Таа прошета на црвениот килим со четири од шестте деца: синот Нокс и ќерките Захара, Вивијан и Шајло, кои ги донесе на проекцијата на долгометражниот филм, инспириран од анимираниот класик на Disney за малото слонче чии уши служат како предмет на подсмев во циркусот. Колин Фарел, Ева Грин, Мајкл Китон, Дени Девито и младата Нико Паркер, ќерка на актерката Тенди Њутн, ги одиграа главните улоги во филмот што ги слави семејните вредности и разликите што нè соединуваат.

Покрај режисерите Тим Бартон и Анџелина Џоли, погледнете кои други беа на премиерата на филмот.