Музичкиот аматер Steve Ronsen ја тужи пејачката и актерка Lady Gagа за плагијат на песната „Shallow“ и бара мултимилионски надомест, пренесува Cosmopolitan.
Песната за која тој тврди дека е идентична со нејзината, се вика „Allmost“ и се наоѓа на неговиот SoundCloud веќе седум години.
Песната на Ronsen имаше само 300 прегледи пред тужбата, а сега има скоро 570.020 преслушувања, од кои повеќето кликови беа од лутите обожаватели на Gaga.
Двата тима ангажираа професионалци кои ги анализираа песните и дојдоа до заклучок дека не станува збор за исти песни, туку три исти ноти кои се повторуваат, што не мора да значи дека песната е украдена.
Проценете самите кој е во право …