Miley Cyrus проговори за раскинувањето со Liam Hemsworth

13 август, 20190
m

Само после шест месеци брак…

 Miley Cyrus прв пат се обрати пред јавноста откако беше објавена веста за разделбата со Liam Hemsworth. Пејачката објави порака за прифаќање на сопствената еволуција и за процесот на зајакнување. Пејачката со фотографијата во природа сподели интимен опис, пишувајќи:

 Не се борете против еволуцијата, затоа што никогаш нема да победите. Како и планината на која стојам, која некогаш била под вода, поврзана со Африка, промената е неизбежна. Доломитите не се создадени преку ноќ, тоа е величенствена убавина која се создавала милиони години. Татко ми секогаш ми велеше „Природата никогаш не брза, но секогаш пристигнува на време“…. тоа го исполнува моето срце со мир и надеж што Знам дека тоа е вистина. Тие ме научија да ја почитувам планетата и нејзиниот процес и се трудам тоа да го направам со себе…. ?

Оваа објава доаѓа еден ден откако нејзиниот претставник објави дека Hemsworth и Cyrus се разведуваат по само шест месеци брак. Двојката се венчаше кон крајот на декември во домот на Miley во Нешвил. Тие двајца беа заедно изминатите 10 години со повремени паузи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *