Ги прашавме терапевтите: Љубовна навика која е пример за недоверба

18 март, 20190
love

Според искуството на многу терапевти специјализирани за љубовни проблеми, една навика е најчест пример за недоверба.

Станува збор за избегнување на конфликт. Многу од нас ќе ги чуваат сите емоции во себе, а тоа станува особено штетно, ако тоа се негативни емоции, сомнежи или проблеми. Иако мислиме дека ако ги ставаме негативните емоции под тепих (со желба да се избегне дискусија или кавга) правиме добра работа, во одреден временски период ќе почнеме да му префрлуваме на партнерот за проблемите за кои никогаш отворено не сме разговарале.

Запомнете – ова не изгледа како здрава врска!

Наместо отворена комуникација, партнерите честопати му се обраќаат на друго лице, а потоа доаѓа до недоверба. Експертите веруваат дека единствено со искрен разговор може да се спречи неверството, а пред тој разговор, самите на себе треба да си ги поставиме следниве прашања:

  • Дали постои нешто што не можам лесно да го споделам со мојот партнер?
  • Зошто се плашам да го споделам тоа со него?
  • Што навистина ми треба од него, а го игнорирам тоа?
  • Што е клучната работа за моето добро, а не го добивам тоа од него?

Конфликтот не е секогаш лош и природно е да дојде до тоа, па затоа не треба да се плашиме или да го избегнуваме, бидејќи благодарение на конфликтот двете страни често добиваат можност да дознаат некои фактори поврзани со проблемот. Ако го избегнеме тоа, се се сведува на незадоволство и очај.

Еминентниот психолог, Џон Готман, професор на Универзитетот во Вашингтон и основач на Институтот Готман кој проучува љубовни врски повеќе од 40 години, презирот го смета како најголем непријател на браковите и врските.

Тоа негативно чувство на неодобрување придружено со лутина и отфрлање е многу полошо од класичната фрустрација, бидејќи презирот сугерира дека партнерот не ве гледа како некој рамноправен, туку смета дека вредите помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber