Хорор кој ќе ве „потресе“! Дали светот на уметноста отишол предалеку?

22 јануари, 20190
horor-21

Одредени уметнички дела, како што се чудните портрети на Френсис Бејкон или канибалистичките „црни слики“ на Гоја, имаат за цел да ги прикажат скриените темни страни на човечката душа.

Но, што ако оваа внатрешна темнина од сликите може да избега и да создаде хаос надвор од  нивните рамки?

Тоа се чини дека е прашање на кое што одговорот го дава новиот филм “Velvet Buzzsaw” на режисерот Ден Гилрој, во кој глуми Џејк Џиленхол.

Тој го толкува карактерот на Морф Вандерволт, ексцентричен дилер на уметности, кој не гледа дополнителна инспирација во новите дела што пристигнуваат.

Сепак, тогаш се среќава со неколку мрачни и брутални слики пронајдени во еден хотел, а авторот очигледно е човек кој починал мистериозно и сосема сам.

Со оглед на тоа дека тој го гледа потенцијалот во овие слики, тој се залага да се збогати од нив, но сé тргнува на лошо, откако делата почнуваат да „оживуваат“ и се повеќе смртни случаи се случуваат во галеријата каде што се изложени сликите …

Покрај Џиленхол, во филмот глиумат Џон Малкович, Рене Русо, Зејв Ештон, Дејвид Дигд, Натали Даер и Били Магнусен.

Самиот трејлер за филмот доста насилен и крвав, а љубителите на хоророт можат да го очекуваат на големите екрани од 1-ви февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber