И ова значи „те сакам“!

22 јануари, 20190
ljubav

Ако често се шегувате на сметка на партнерот, и тој ви враќа со „иста мерка“, тоа е многу, многу добар знак за вашата врска!

„Интерните“ шеги кои ги разменувате со вашиот партнер се една од оние мали нешта кои ја зајакнуваат вашата врска.

Дури и ако вообичаено не сте некој кој е духовит, се додека успевате да измамите насмевка на лицето на личноста што ја сакате, вашата врска има добри шанси да преживее.

Најсреќните парови се оние кои се закачаат еден со друг, интуитивно чувствуваат која е границата што „не треба да се надмине“, односно, кога шегата би можела да му наштети на лицето што го сакаат, покажа студијата на професор Џефри Хол од Универзитетот во Канзас, пренесува “Sun”.

Д-р Хол ги анализираше резултатите од 39 високи истражувања во кои се вклучени повеќе од 15.000 лица, а се испостави дека размената на шеги со лицето што го сакате, е како „цемент“ кој врската ја чини посилна и поблиска.

Покрај тоа, важно е да имате сличен смислол за хумор, ако и двајцата на пример не сакате романтични комедии или хумористички серии, но уживаате во црн хумор, тоа е одличен знак.

„Ако ве насмеат истите работи, ова искуство ја зајакнува вашата врска, потврдувајќи дека сте го направиле вистинскиот избор“, вели тој.

Но, важно е да знаете да ја препознаете „границата“ кога се шегувате на сметката на вашиот партнер, за да не го повредите лицето што го сакате, се наведува во студијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber