Овие 30 минути можат да ви го спасат животот!

22 јануари, 20190
vezbanje

Ако, поради една или друга причина, поминувате многу време во седење, еве што треба да направите за да ги „поништите“ негативните ефекти на седењето.

На многумина денес, работното време им се состои од повеќечасовно седење, додека други на столчето се  „заробени“ поради мрзеливост, технологија …

Сепак, факт е дека во ова модерно време седиме повеќе  од било која генерација претходно, што има ужасни ефекти врз нашето здравје.

Сепак, факт е дека не можете да дадете отказ од работа само затоа што оваа работа вклучува повеќе седење.

Што тогаш ти останува, можете ли да направите нешто за вашето здравје?

Можете! Нова студија покажува дека само 30 минути на ден, било каква физичка активност ги намалува здравствените ризици кои произлегуваат од премногу седење.

Студијата спроведена на Универзитетот во Колумбија покажа дека 30 минути од било каква физичка активност, од било кој интензитет, сериозно може да му помогне на вашето здравје, ако седите долго време.

„Нашата студија нагласува колку е важно да се биде физички активен и дека физичката активност од било кој интензитет има значајни ефекти врз здравјето“, вели водечкиот автор  на студијата, д-р Кит Диас.

За време на претходната студија, Дијаз и неговиот тим откриле дека возрасните кои седеле повеќе од еден час „наеднаш“ имале поголем ризик од оние кои исто така долго време седеле, но повремено станувале и се движеле повеќе.

Тие, исто така, откриле дека луѓето кои, ако веќе треба да седат, стануваат на секои половина час за да прошетаат и кратко да се истегнат, се изложени на најмал ризик од болестта и раната смрт.

Ако ова е премногу тешко за вас, не заборавајте дека ќе ви помогне било каква физичка активност.

Значи, станувајте на секои половина час, одете да се напиете вода, одете во тоалет, направете десет клекнувања, што и да ви одговара …

Можете дури и да се истегнете седејќи.

Имате голем број на опции кога станува збор за типот на вежбање во текот на денот – шетајте го вашето куче половина час во текот на денот, практикувајте јога, одете во теретана, трчајте …

Д-р Диаз вели дека за здравјето се најдобри активностите со умерен и повисок интензитет, но добри ефекти има и физичката активност со понизок интензитет.

Значи, клучот е во тоа да имате физичка активност најмалку половина час дневно.

Не е многу, нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber