Интимни детали од тужбата: „Уринираше по мене и ме допираше“

18 јануари, 20190
mm

Случајот на Мараја Кери и уценувањето околу интимните снимки станува се побизарно!

Мараја Кери ја тужеше поранешната помошничка Лијана Азаријан, која ја уценува со интимните снимки и бара осум милиони долари да не ги објавува.

Сега Азаријан возврати со контра-тужба во која ги открива бизарните „активности“ во куќата на Кери, една од најпознатите пејачки на планетата.

Азаријан изјавува дека во куќата на Мараја беила физички малтретирана, а дека пејачката, која знаела за тоа и „повремено и самата учествувала“, не мрднала со прст за да ја заштити.

Азаријан во нејзината тужба наведува дека поранешната менаџерка на Кери, Стела Булочников, ја тепала, удирала по градите и задникот, ја буткала на земјата, седела врз неа и уринирала по неа?!

„Најголемиот дел од таа злоупотреба се случувал додека и Мараја била во собата, но се преправала дека не забележува ништо“, се вели во тужбата.

Од Мараја, исто така, добила „повеќе удари“ во текот на неколкугодишниот ангажман во нејзината куќа.

Поранешната асистентка на Булочников ја обвинува и за говор на омраза, бидејќи ја нарекувала „цр*чуга“ и „ерменска ку*ва“.

Азаријан додава дека Булочников често „го исмејувала нејзиниот физички изглед“, односно големите гради, и се обидувала „под градите да и става  различни предмети, како што се мобилни телефони, далечински управувачи и кујнски алатки.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *