Исчезна синот на Шинед О’Конор

22 јануари, 20190
sinejd

Пејачката побара помош на социјалните мрежи – полицијата се огласи по тридневната потрага по момчето „Шејн беше пронајден во Даблин“.

Пејачката Шинед О’Конор, која со години ја шокираше јавноста со закани за самоубиство, писма од менталната институција и на крајот објавувајќи дека не сака да има ништо со христијаните по преминувањето во исламот, објави загрижувачки твит.

Нејзиниот син, четиринаесетгодишниот Шејн, исчезна.

Ирската полиција трага по момчето од петокот, кога за последен пат бил виден, а Шинед побара од секој кој има информации за него да пријави во најблиската полициска станица.

Шинед О’Конор, од неодамна Шухада, откри дека нејзиниот син рече дека оди кај пријателот Орландо, по што му се губат сите траги.

„Родители на Орландо, јас не ве знам и се извинувам што морам да ве контактирам преку Твитер, ако мојот син е кај вас, ве молам помогнете ми и контактирајте ја полицијата“, пишува Шинед.

На третиот ден од истрагата, ирската полиција се огласи и објави дека „момчето е пронајдено во Даблин и дека сѐ е во ред со него“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi