Тупак снима нов албум?!

22 јануари, 20190
Screenshot-from-2019-01-21-09-42-52

„Еве сме заедно во студиото“, вели продуцентот!

Иако бил убиен пред 23 години, Тупак Шакур (2Pac) наводно снима нов албум!

„Го донесов Пак назад во студиото. Наскоро нови песни“, напиша Шуг Најт Џуниор на Instagram.

https://www.instagram.com/p/BsyzsFYHHSd/?utm_source=ig_embed

Синот на сопственикот на издавачката куќа “Death row”, Шуг Најт Сениор, претходно покрена прашина велејќи дека Тупак го изглумил своето убиство и дека „мирно живее во Малезија“.

Бидејќи беше нападнат со негативни коментари, Најт додаде „прво се сомневаат во тебе, па ти велат дека си луд, но јас тоа не го сваќам лично“.

Неговиот татко е честа тема на теориите на заговор, кои тврдат дека тој лично го намести не само убиството на Тупак, но и на Notorious BIG.

Најт некогаш беше платил кауција додека Шакур беше во затвор, под услов да премине во неговата издавачка куќа, на што Тупак се согласи.

Според теориите на заговор, Најт потоа го наредил неговото убиство во 1996. година за да го спречи да ја напушти издавачката компанија “Death row”, а само половина година подоцна и убиството на “Bigi”, со цел да ги отстрани сомневањата од себе.

Инаку, Шуг Најт Сениор од крајот на минатата година е во затвор, каде што е на издржување казна од 28 години.

Најт во почетокот на 2015. година, по расправија со консултантот на филмот “Straight outta Compton” за групата NWA, со својот камион најпрво го удри консултантот, Клео Слоун, а потоа го прегази бизнисменот Тери Картер, кој подоцна починал од повредите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber