Сигурно ќе се согласите со нас кога велиме дека песната “Thank U, Next” од Ариана Гранде со која не изненади минатата година е една од легендарните моменти во популарната музика во изминатите неколку години. Фразата ни се навлече под кожа, а се чини дека наскоро ќе пристигне целата линија за убавина, инспирирана од оваа песна.
Како што дознавме, Ариана, пред неколку недели регистрирала фирма со име “Thank U, Next” за производство на бројни производи за убавина – од парфеми до лосиони за тело и гелови за туширање. Иако Ариана веќе неколку години е многу успешна во светот на парфемите, едвај чекаме да видиме што друго ни подготвува, а ако проценуваме по нејзиниот изглед, нѐ очекува една многу возбудлива celebrity beauty линија.