Jeff Bezos e зaљубен во водителка: Која е убавицата поради која се разведува милијардерот?
11 јануари, 20190
Вестите дека најбогатиот човек во светот и основач на компанијата Amazon, Jeff Bezos (54), по две и пол децении се разведува од неговата сопруга Макензи, ја изненади јавноста.
Поранешните сопружници, кои со години стекнуваа богатство, истакнаа дека и покрај разводот, ќе останат пријатели и ќе бидат бизнис соработници, а таблоидот „National Enquirer“ тврди дека позади разводот стои неверство.
Тие наведуваат дека Џеф е во емотивна врска со поранешната ТВ-водителка Lauren Sánchez (49), a како доказ се наведени фотографии кои допрва планираат да ги објават.
Lauren е сеуште во брак со познатиот холивудски агент Patrick Whitesell.