Justin Bieber ja претстави својата модна колекција и ги налути фановите
Популарниот американски пејач Џастин Бибер ја презентираше првата колекција на неговиот моден бренд „Drew House“, но со цените ги налути фановите.
Во првата колекција на брендот на Бибер се наоѓа гардероба која што тој ја претпочита во последно време, широки и удобни парчиња облека со неутрална боја која изгледа како остатоци од отпад, која може да ја носат и мажи и жени.
Додека дел од обожавателите на Бибер се радуваат на првата колекција „Drew House“, голем дел од неговите обожаватели изразија лутина поради цената, пренесува Klix.
Поточно, маици со кратки ракави чинат 48 долари, дуксери 98 долари, а за панталони неопходно е да издвоите од 128 до 148 долари.
Голем број фанови истакнаа дека не очекувале вакви високи цени, бидејќи Бибер минатата година во декември објави колекција на собни папучи, чија цена изнесуваше 4 долари.
– Дали постои секција за сиромашните? – праша еден од фанoвите на Biber на Instagram.
Заштитното лого „Drew House“ е огромно смајли кое наликува на логото на групата Нирвана, но многумина оваа колекција ја споредуваат со колекцијата на Kanye West.
https://www.instagram.com/p/BtYKgjLhM7Q/?utm_source=ig_embed