Враќање на омразениот тренд: Како да носите светол тексас во 2019.?

4 февруари, 20190
teksas

И понатаму продолжуваат да се носат искинати фармерки, patchwork-от е исто така во тренд, но најголемо внимание се посветува на избледениот тексас, односно оној кој има ознака „stone washed“.

Вакви модели беа претставени од модните куќи Stella McCartney, Miu Miu, Isabel Marant, Sara Battaglia  и други. Karl Lagerfeld, колекцијата за модниот бренд Chanel ја збогати со бисери и чипка, а многумина сугерираат да се облечете во тексас од глава до пети, без разлика каков и да е.

И додека последните неколку години, најмодерни беа фармерките со висок струк, пристигнува добра вест за девојките кои сакаат да покажат малку повеќе кожа – повторно се враќаат оние со спуштен, низок струк.

Што се однесува до ногавиците, се враќаат оние ѕвонастите, од широки до рамни, но ќе доминираат овие вторите.

Доколку имаат детали од крзно, монистри, ленти на рабовите, вез или пердуви, тогаш тие се ултимативниот хит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber