Се приближува важна годишнина. Поминаа речиси 10 години откако Kanye West ѝ упадна во говорот на Taylor Swift на MTV VMA наградите за да каже дека Beyoncé требало да ја добие фигурата Moon Man наместо неа. Од моментот на „ Imma-Let-You-Finish-But “ West е вкоренет во историјата на поп културата.
Сите се сеќаваме на тој настан. Но, во случај да ви треба освежување: 19-годишната Swift ја доби наградата VМА за најдобро женско музичко видео. Во моментот кога требаше да одржи говор, Kanye го зграпчи микрофонот на пејачка и изјави дека Beyoncé го има едно од најдобрите видеа досега – „Single Ladies“.
Во неодамнешно интервју, поранешниот претседател на Viacom, Van Toffler, откри уште неколку прилично трагични детали што се случиле во бекстејџот после немилиот момент. „Се шетав зад сцената и ги видов Beyoncé и нејзиниот татко (и поранешен менаџер Matthew Knowles) а таа плачеше и му рече: „Не знаев дека ова ќе се случи, се чувствувам лошо за неа“ “, рече извршниот продуцент на VМА наградите.
Исто така, и Taylor Swift остана во солзи, а Kanye го замолија продуцентитре да си замине. За да ја смири Beyoncé, Toffler посочи дека целата ситуација може да се поправи. Тој ѝ даде до знаење дека таа вечер најверојатно ќе освои друга награда за да може Swift да го добие својот момент на сцената.