Kate Moss е заштитно лице на новата есенска кампања на модната куќа Alexander McQueen.
Најпознатата британска манекенка е фотографирана во родниот град на креативниот директор на брендот, Маклсфилд, сместен во руралниот дел на Англија.
Kate позираше во костуми скроени за новата сезона, како и во црвен фустан, најистакнатиот модел од најновата колекција.