Katy Perry и Orlando Bloom го чекаат своето прво бебе?

28 март, 20190
keti

Никогаш посреќни!

Веќе некое време во американските медиуми се шпекулира дека пејачката Кети Пери, наводно, очекува бебе со својот долгогодишен партнер и вереник, актерот Орландо Блум.

Пред неколку дена, пејачката и актерот беа видени како си заминуваат од вечера, а тогаш Кејти го покажа заоблениот стомак. Иако е многу возможно да е во прашање стомак од храна или едноставно до кројот на фустанот, се зборува дека 34-годишната пејачка е навистина бремена. Исто така, извор за списанието Life & style изјави дека пејачката неколку пати наздравила со своите пријатели со вода, а не со алкохол. Kетрин, портпаролка на медиумите, не сакаше да коментира за приватниот живот на среќната двојка, која не ги негираше ниту ги потврди гласините, па гласините за бременоста станаа уште погласни.

Да се потсетиме, американската пејачка, Кети Пери (34), во февруари на нејзиниот Instagram профил официјално ја потврди веридбата со холивудскиот убавец Орландо Блум (42). Парот започна интензивно да се дружи по доделувањето на  Златен глобус во 2016. година, а раскинаа после една година и се смирија минатата година во април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi