Denise Richards и Charlie Sheen: После пеколниот развод следи голем пресврт

28 март, 20190
c

Ниту еден крај на брак не е лесен, но разводот на Denise Richards и Charlie Sheen беше дефиницијата за зборот скандал. Освен фактот дека актерот имаше бројни афери за време на нивниот заеднички живот, проблеми со коцката, алкохолот и дрогата, неговата поранешна сопруга го обвини дека е агресивен и насилен и дека сака да им наштети на своите ќерки, Lola и Sam.

Во своите мемоари таа наведе дека имале убава љубовна приказна, но и еден од најлошите разводи досега. Сепак, времето направи поранешните сопружници да ги закопаат воените секири за што Денис зборуваше во шоуто „Real Housewives“.

-Без оглед на нашето бурно минато, го поканив на свадбата. Го уклучувам во се што има врска со мене или со нашите деца – кажа актерката која повторно се омажи во септември минатата година за поранешниот маж на Nicollette Sheridan, ѕвездата од серијата „Desperate Housewives“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi