Ако е доволно добрa за посета на познатата модна куќа, зошто истата комбинација не би била соодветна за посета на црква? По оваа идеја се водеше најпознатата ријалити ѕвезда и успешна деловна жена Kim Kardashian.
Најпопуларниот член на кланот Kardashian во неделата се појави на миса во црква во Њујорк, во впечатлив аутфит од змиска кожа.
Широка јакна и панталони во сиво-бела боја во комбинација со зашилени чизми од истата змиска кожа (бренд – Yeezy, цена од 575 евра) и бела ташна.
За помалку од 24 часа подоцна, сопругата на Kanye West e фотографирана во истата комбинација во Париз, во посета на модната куќа Hermes.
Истиот храбар аутфит на Ким Кардашиан доби контроверзни критики од модните експерти: змискиот принт во „Божјиот дом“ наиде на критики, додека истата комбинација во “модната куќа” ги собра највисоките оценки.