Кога се појави, сите беа во шок: Мадона обележи три децении од објавувањето на својот најконтроверзен спот

6 март, 20190
madona 2

За многумина ова видео и ден денес е многу навредливо.

Поминаа триесет години од премиерата на спотот на песната „Like a Prayer“ на Мадона на музичкиот канал на MTV.

Потсетувајќи се на нејзиното бурно минато, најголемата ѕвезда во светот на шоу бизнисот, на социјалните мрежи објави кратко видео.

– Пред триесет години, го објавив спотот за песната „Like a Prayer“, кој во тоа време беше многу контроверзен, затоа што бакнав свештеник афро-американец и играв пред крст кој гори. Во тоа време, исто така снимив реклама за еден пијалок, која беше забранета поради скандалот предизвикан од самото видео. Среќен роденден за мене и да живее контроверзноста! – заклучи познатата пејачка и стилска икона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi