Колку всушност е опасен шеќерот за нашиот мозок?

19 август, 20190
k

Доколку се подготвувате за испит или некој важен јавен настап, избегнувајте ги безалкохолните газирани пијалоци.

Истражувањата покажуваат дека по само шест недели редовно консумирање на ваквите сокови, може да предизвика големо оштетување во нашиот мозок. Експертите откриле дека земањето храна што содржи големи количини фруктоза ја забавува функцијата на мозокот и може да доведе до нарушување во меморијата и учењето. Сепак, добрата вест е дека зголемениот внес на риби и ореви можат да направат баланс.

„Нашите резултати покажуваат дека она што го јадеме влијае на тоа како размислуваме. Со долгорочното консумирање на храна богата со фруктозни шеќери, мозокот полека почнува да ја губи способноста за учење и памтење. Сепак, земањето омега-3 масни киселини може да помогне во ублажување на штетата “, вели професорот Fernando Gomez Pinilla.

Одамна е познато дека фруктозата доведува до дијабетес, дебелина и замастување на црниот дроб, но ова е прв пат да се испита влијанието на овие шеќери врз мозокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber