
Проблематичниот пејач не престанува да ја шокира јавноста.
Странските медиуми објавија дека двајца полицајци потврдиле дека американскиот пејач Крис Браун, заедно со уште две други лица, моментно е во притвор во Париз, откако неименувана жена поднесе жалба дека била силувана.
Познато е дека едното од другите две лица кои беа притворени е телохранителот на Крис, а пејачот беше уапсен во понеделникот, а така ќе остане се додека полицијата не го испита обвинението.
Никој од PR тимот на Браун се нема огласено по повод настанот.
Пејачот е во постојани проблеми со законот откако во 2009. година призна дека брутално ја претепаи тогашната девојка Ријана.
Другите случаи поради кои имаше блиски средби со полицијата и лисиците исто така се поврзани со насилството врз жените или мажите.