Раскина со момчето!
Адријана Лима раскина со турскиот „исцелител“.
Бразилскиот модел, некогашната српска „снаа“, раскина со турскиот писател Метин Хар, јавува „Пипл“.
Адријана (37) и Метин (36) беа околу една и пол година заедно и често ја изразуваа својата љубов и преку социјалните мрежи.
Меѓутоа, на Instagram-от на Адријана, Метин повеќе го нема, па исчезнаа и сите пораки во кои таа му се заблагодарува поради тоа што „конечно разбрала што е љубов“.
На наша радост, ваквите снимки се сеуште тука!
Потсетете се и на најдобрите моменти на Адријана , бидејќи таа најави дека „се пензионира“ за идните ревии на “Victoria’s Secret”.
Kaj турскиот писател посветен на исцелувањето, последната фотографија со Адријана беше во октомври минатата година.
„Вистинска храброст е кога ги сакаш и нејзините лузни“, поетски напишал Метин со оваа слика.