![кајли](https://popara.mk/wp-content/uploads/2019/01/кајли-e1548689167744.jpg)
За кој производ станува збор?
Од областа на убавината, пристигна веста дека Кајли Џенер ќе издаде нов производ наречен Kylash кој ќе биде во линијата за шминка на Kylie Cosmetics.
Интересен е фактот дека брендот за убавина Colourpop, кој ги произведува Seed Beauty – истата компанија која ги произведува Kylie Cosmetics и KKW Beauty – токму оваа недела го најави лансирањето на својата прва маскара. Маскарата во вредност од 8 долари со име BFF доаѓа во седум нијанси, од црна до жолта. Имено, некои обожаватели сугерираа стапчето и формулата да изгледаат исто како маскарата која што Ким Кардашијан ја објави за KKW Beauty минатиот месец. Сепак, и KKW и Kylie Cosmetics веќе долго време инсистираат на тоа дека нивните формули да се разликуваат од евтините производи на Colourpop, иако се произведуваат во истата лабораторија.