
Се зборува дека познатата старлета им плаќа на папараците за да користат фотошоп…
Иако старлетата Ким Кардашијан Вест во последно време се обидува да се зближи со публиката и објавува фотографии без шминка, на кои се гледа нејзината кожна болест – псоријаза, неколкумина други ја обвинија за нов фотошоп скандал. Овој пат ја обвинија дека им плаќа на папараците за да користат фотошоп на нејзините фотографии, а еден Instagram профил како доказ објави фотографии со кои направи споредба со фотографиите од папараците и оние кои ги фотографирала една обожавателка.
Сигурен извор за InStyle откри дека славните личности многу често имаат целосна контрола врз објавите на папараците и дека сами одбираат кои ќе бидат објавени, а кои не, и колку ќе се ретушираат.
Инаку, Ким не е единствената од ова контроверзно семејство која е обвинета за фотошоп. Нејзината сестра Клои често е целта на критики за преголемо уредување на фотографиите, за кои многумина велат дека често се исфотошопирани до непрепознатливост.