Mila Kunis го започна трендот: Убедливо најслатката фризура за пролет 2019.

7 март, 20190
milq

Фризерите советуваат дека оваа фризура е за секого и подеднакво е убава кога косата е брановидна и права.

Мила Кунис одлучи да ја освежи својата фризура со мала, но одлична промена која е идеална за годишното време што ни доаѓа.

Актерката се препушти во рацете на познатиот американски фризер Ренато Кампора кој и го направи популарниот лоб, односно подолг боб.

Со оваа фризура, нејзината права, тенка коса доби волумен, а во  тоа помогнаа слоевите со различни должини кои одлично се вклопија со нејзиното лице. Лоб е единствената фризура која прилега на секоја форма на лице, но исто така и на секој вид на коса, без разлика дали е права или кадрава, тенка или густа. Практична е за стилизирање, а изгледа одлично и кога е права и кога е брановидна. А поради сите предности и оваа подолга варијанта на боб, исто како и класичната, не излегува од мода неколку сезони, па затоа Мила, со својата нова фризура е во чекор со трендовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi