
Ова лето, на плажа слободно можете да се појавите во бикините што ги купивте минатата година, бидејќи се уште е модерно да имате nude бикини или во боја на песок, со висок кроj во стилот на осумдесеттите, модел со карнери, некој vintage, асиметричен, тропски и animal print.


Најпосакувани се впечатливите парчињата, како оние со детали како машни, алки, вкрстени ленти, каиши, копчиња… Исто така актуелни се и оние со ракави (особено бели), но нив ќе ги носите на некоја забава покрај базен.