На повидок е развод тежок 200 милиони долари: Актерката одлучи да го напушти сопругот после 17 години брак, а причината за кавгата е бизарна!

27 ноември, 20190
julia

Според странските медиуми, холивудската актерка Џулија Робертс (52), се разведува од својот 50-годишен сопруг Даниел Модер.

Имено, анонимен извор за „National Enquirer“ изјави дека сопружниците се на работ на развод што би можел да ги чини 200 милиони долари, поради расправија што избувнала за време на прославата, а причината е неговиот недоволен труд за организирање на забавата.

– Џулија очекуваше голема роденденска прослава, а Даниел целосно не успеа во тој сегмент, па го обвини дека воопшто не му е грижа за неа. Расправијата брзо ескалирала во хаос, кулминирајќи со тоа што Даниел бил избркан од нивниот заеднички дом – вели извор близок на парот.

Покрај тоа, како што наведува изворот, на сите начини, со години наназад, тие се обидувале да го спасат седумнаесетгодишниот брак, но ништо ефикасно не помогнало. Исто така, изворот тврди дека нивната љубов била една од оние кои што имаат краток рок на траење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi