Новиот потег на Селена Гомез повторно ја приближи до Џастин Бибер

28 ноември, 20190
selena

На американската пејачка Селена Гомез се чини дека конечно и тргна во животот. Покрај тоа што научи како да се справува со автоимуната болест лупус, која пред неколку години скоро и го уништи живот, пејачката во „голем стил“ ја продолжи својата кариера.

Новите песни на оваа 27-годишна американска пејачка „Look At Her Now“ и „Lose You To Love Me“, веднаш станаа хитови, а фановите забележаа дека Селена му се обраќа на своето поранешно момче Џастин Бибер. Токму овие хитови имаше можност да ги претстави на гала вечерта на Американските музички награди. Но, вокалните способности не беа единственото нешто што таа го покажа. Истата вечер, таа на социјалните мрежи сподели фотографија од нејзината нова тетоважа, која се наоѓа на горниот дел од ногата, а прикажува раце кои се молат со бројаница. Оваа тетоважа не е изненадувачка – Селена е позната по тоа што отворено зборува за својата вера, а неколку пати нагласи дека верата и помогнала да се излечи од депресијата.

View this post on Instagram

AMAs day.. more to come..🌼

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

„Толку е добро што се вратив. Ви благодарам на целиот мој тим и на моите фанови кои стојат покрај мене. Ова е сè е за вас и поради вас. Возбудена сум за новото поглавје во мојот живот “, напиша таа под својата фотографија од настанот. Но, новата тетоважа изненади многу обожаватели, кои забележаа дека нејзиниот поранешен дечко, има слична тетоважа од пред неколку години. Имено, канадскиот пејач го има истиот мотив на левата нога, поблиску до глуждот, а ова е само една во низата тетоважи со христијански мотив, кои ги има скоро по целото тело. Новата тетоважа на Селена само ги поттикна шпекулациите дека таа сè уште се сеќава на Џастин, и покрај тоа што се обидува да остави впечаток во јавноста дека ја надминала својата стара љубов и продолжила понатаму. Но, зошто тогаш иста тетоважа како нејзиниот бивш, многумина се прашуваат?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi