Најинтимните моменти ги сподели со целиот свет: Актерката се породи дома, па објави видео на социјалните мрежи

27 март, 20190
hilary

Познатата актерка Хилари Даф неодамна се породи и на свет ја донесе ќеркичката Бенкс Вајолет Бер. Хилари одлучи да се породи дома, но една нејзините одлука го шокираше светот.

Всушност, таа на Instagram објави видео на кое го гушка и бакнува своето новороденче, а видливо е дека плаче од среќа.

– Долго време се прашував дали да го споделам ова видео, бидејќи тоа е многу лично … Беше прекрасно да го прегрнам моето бебе по нејзиното раѓање. За прв пат, сакам да верувам дека таа рече: “одлична работа, мамо”. Заедно го направивме ова. Не можам да поверувам дека од тогаш поминале 5 месеци.

Многу фанови беа воодушевени од храброста на Хилари, а многумина го осудија овој потег, бидејќи станува збор за многу лични моменти за кои не треба да сведочи целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *