Најубавиот подарок за 50. роденден: Џенифер Анистон ќе стане мајка?

29 јануари, 20190
jenifer

Се шпекулира дека актерката по разводот од Џастин Теру се одлучила за важен чекор.

Странските медиуми изминатите неколку дена не престануваат да известуваат за Џенифер Анистон. Причината за тоа е дека на актерката набрзо и доаѓа 50-годишниот роденден и сите се прашуваат како ќе прослави.

По објавувањето дека сама на себе си купува огромна куќа од 25 милиони долари, како роденденски подарок, следеа и соопштенија за наводно помирување со нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит.

Сепак, се зборува дека таа во моментов е во врска со Шарлиз Терон, но медиумите објавија дека тој во моментов е во голема љубовна дилема, бидејќи не знае со која актерка сака да биде.

Најновата вест се прошири со неверојатна брзина, а тоа е дека Џенифер Анистон одлучи да посвои 13-месечно девојче од дом за деца без родители во Мексико.

По не толку брзо закрепнување од релативно неодамнешниот развод, медиумите објавија дека Џенифер е подготвена за следен чекор во животот и дека сака да се обиде во улогата како мајка во 50. година од својот живот.

Исто така, се зборува дека во постапката за посвојување ќе и помагне поранешниот / сегашен партнер Бред Пит, кој има искуство од претходниот брак со Анџелина Џоли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi