Научете го законот на привлечност и ќе го најдете вистинскиот партнер

22 февруари, 20190
qq

Oва е еден од подобрите љубовни совети.

Едно е ако самите сте одлучиле дека барем за момент, не ви е потребен никој и сакате да бидете сами. Сосема е поинаку ако сакате да имате партнер покрај вас, но сеуште сте некако сами. Може да ви биде уште потешко ако сите околу вас се во врска, па сте тажни, се чувствувате мизерно и воопшто не разбирате како само вие не го наоѓате вистинскиот партнер.

Меѓутоа, овие негативни емоции кои се јавуваат затоа што не сакате да бидете сами очигледно не ви помагаат. Покрај тоа, психологот д-р Мери Лисман вели дека, барем според законот на привлечност, тоа ви одмага, т.е. ја бутка „специјалната“ личност подалеку од вас.

Според законот за привлечност, ако се чувствувате тажно и мизерно, ќе привлечете повеќе таква енергија. Ако сте позитивни и весели, ќе го привлечете токму тоа. Затоа, ако уште немате соодветен партнер до вас, можеби праќате погрешна порака и всушност, самите себеси се одалечувате од она што го сакате.

Психологот објаснува дека луѓето се чувствуваат и размислуваат според нивните претходни искуства. Тоа во овој случај не е добро, бидејќи врз основа на вашите претходни, неуспешни врски, планирате што да очекувате во иднина. Затоа, многу време поминувате фокусирајќи се на она што не го сакате, наместо на она што го сакате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber