Не е сеедно дали ова ќе го направите наутро или навечер: Кога е вистинското време за миење на косата?

22 февруари, 20190
kosa

Фризерите советуваат кој е совршениот тајминг за средување на фризурата.

Косата е еден од главните beauty императиви на секоја жена и вечен извор на инспирација … Но, исто така и проблем. Со цел косата да биде сјајна и убава, ние користиме различни козметички производи, но дали некогаш сте се запрашале дали постои разлика во тоа дали ја миете косата наутро или навечер? Кога зборуваме за нега на коса, се разбира, тоа значи редовно миење и негување. Стандардниот период кога треба да се мие косата е приближно на секои три дена, но, се разбира, тоа варира од индивидуата и од типот на скалпот. Миењето на косата за некои е вистински предизвик, бидејќи бара многу време за стилизирање или поради густината бавно се суши, но се поставува уште едно прашање, во кое време од денот е најдобро да се мие косата.

Можеби не сте размислувале за тоа до сега, но сега е вистинското време да обрнете внимание на тоа каква е вашата коса наутро, откако сте ја измиле во вечерните часови. Најверојатно ќе забележите дека косата е малку спласната, без оглед на тоа што сте ја освежиле. Вашиот скалп не е навистина многу мрсен, но нема волумен и текстура, а тоа може да создаде несакан ефект.

Кога косата се мие во вечерните часови, најчесто веднаш потоа легнуваме во кревет, и во тој случај косата нема време да се исуши и да дише, а со притискање на перницата дополнително станува порамна, односно го губи волуменот и затоа наутро се будите со безживотна фризура на која треба да потрошите некое време за да и го вратите свежиот изглед.

При миење на скалпот наутро или рано попладне, приказната ќе биде различна бидејќи косата ќе биде слободна, ќе се распореди и ќе има доволно време за целосно сушење без оглед на тоа дали сте користеле фен за коса. Ако немате време да го направите овој ритуал за убавина во утринските часови, обратете внимание по вечерната бања, барем половина час или повеќе да не ја ставите главата на удобната перница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber