„Negative space“: Новиот омбре тренд за девојките кои не сакаат често да се фарбаат
Оваа боја за коса ќе биде главен хит во 2019. година!
По различните смели трендови за бојадисана коса, дојде еден што ќе им се допадне на љубителите на природно осветлен изглед.
Станува збор за нова омбре техника наречена „negative space“, која ја измисли еден од најпознатите британски фризери Џек Ховард. Со оваа техника се третира помал дел од косата отколку кај другите омбре техники, а крајната цел е да се постигне природен осветлен изглед кој го имаат Калифорниските убавици.
Она што е исто така одлично е што оваа техника функционира на сите видови и бои на коса, бидејќи многу лесно се изведува и целта е природен изглед.
Исто така, во оваа техника не се користат фолии ниту хидроген, а фризурата е многу едноставна, бидејќи прамените се освежуваат само еднаш годишно.