Oчаен потег на очајната домаќинка: САД потресен од скандал во кој се вплеткани и светските ѕвезди

popara13 март, 20191min00
eva 6

Американскитe факултети во моментов ги тресе еден од најголемите скандали досега, а во него се вплеткани и две познати актерки, Lori Loughlin (54), која нашата публика ја памти како Rebecca од хит серијата „Full House“ и Felicity Huffman (56), која ја глумеше Lynette Scavo во „Desperate Housewives“. Имено, според обвинението, посредниците ги фалсификувале документите на децата, вклучувајќи ги и резултатите од нивните испити, за да го олеснат нивното запишување.

Против William Singer (59), кој стои зад целиот скандал, поднесени се четири обвиненија, меѓу кои се изнудување и перење пари, а вчера тој ја призна одговорноста, пренесува „The New York Times“.

Криминалната организација, наводно, добила вкупно 25 милиони долари од родителите кои сакале нивните деца да посетуваат престижни универзитети како што се Yale, Georgetown, Stanford, International Study Centre (ISC), UCLA и Wake Forest. Вкупно 33 родители се обвинети бидејќи му се обратиле на Singer и му платиле од 200 до 6 милиони долари.

„Не може да има посебен систем за запишување на факултети за богатите луѓе, како и посебен судски систем за нив“, рече главниот државен обвинител на Massachusetts, Andrew Lelling, на прес-конференцијата во Бостон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma