Фризер после шишање поклонува презерватив: Поради една грешка сите клиенти му се смеат!
13 март, 20190
Не му требаше долго за да се прослави на Твитер, но не како што тој мислеше.
Многу сопственици на бизниси се сосема свесни дека секој сака да добие подарок, така што се обидуваат клиентите да ги „фатат“ на мали нешта што можат да ги привлечат.
Џејк Гомез, фризер од американската држава Тексас, одлучи на своите клиенти со секоја фризура да им подари презерватив, но направи една клучна грешка. Имено, на презервативите со хефталица ги прицврстил своите визит-картички и така ги направил сосема бескорисни.
“Морам да го додадам ова со секоја визит-карта. Ќе ви треба откако ќе ве ишишам, верувајте“, напиша под фотографијата од неговата генијална идеја.
Не му требаше долго за да се прослави на Твитер, но не како што тој мислеше.